ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК - ПОЗНАТ, ПОТВРДЕН, ПРИФАТЕН, ИСКУСЕН, СООДВЕТЕН МЕДИУМ ОД И ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО
“Просветен работник”е познат и од образовната јавност прифатен медиум со потвредено 56-годишно искуство од доменот на информирањето и комуникацијата со образовните институции од сите степени на образование. Тој е стручно упатен во пошироката проблематика на образовниот систем и процес, има долгогодишно искуство во медиумско-аналитичкото третирање на образовниот систем.
“Просветен работник” има потврдени начини и форми на двонасочна комуникација со своите читатели - просветните работници.
“Просветен работник” прераснува во интра и интер комуникациски канал и трансфер на искуства ОД и ЗА сферата на образованието.
Читатели и соработници на „Просветен работник” се наставници и стручни лица од сите степени на образование – од предучилишно до високо.
„Просветен работник” излегува еднаш месечно, освен во јули и во август.
„Просветен работник” се дистрибуира до сите основни и средни училишта, до научни и стручни институции и други субјекти од стручно-образовната и пошироката јавност, како и до сите детски градинки, до советите на општините. Исто така, пристигнува и до училишните одбори, а на тој начин и до родителите и до учениците.
Преку списанието “Просветен работник” и другите изданија и тематски прилози, всушност, е обезбедена отворена трибина за професионалните постигнувања на просветниот кадар, како и за развојот и промените во системот на образование.
Месечникот за образование „Просветен работник” е неопходен линк за поврзување и покривање на сите теми од интерес на субјектите поврзани со едукативната и со педагошката јавност.
Со пласираните теми, успешно ја пополнува празнината во дневно-медиумскиот простор од ваков тип на теми, и тоа посебно наменет за сите инволвирани во образовниот процес.


