Драги колеги просветни работници,

На ова прашање не е така лесно да се одговори, бидејќи кога зборуваме за храната постојат многу различни фактори. Факт е дека јадењето е неопходност, но тоа, исто така, претставува моќно емотивно средство. Учениците мора да ги научат основните податоци за исхрана, но и да ги согледаат и факторите што влијаат врз нивните одлуки во однос на исхраната. Најчесто тие не сфаќаат дека се што прават во однос на храната всушност претставува одлучување. Доколку учениците го сфатат односот помеѓу храната и здравјето, тогаш тие сами можат да донесуваат одлуки што на некој начин ќе се одразат на нивното здравје. Тргнувајќи од моментот дека учениците се оние кои навиките ги стекнуваат гледајќи ги возрасните, треба да им се посочат неколку совети за здрава исхрана.


 
ДАЛИ УЧЕНИЦИТЕ ИМААТ ЗДРАВИ НАВИКИ ВО ИСХРАНАТА?
 
1. Појадокот е најважниот оброк

Појадокот е најважниот оброк. Појадокот секогаш треба да изобилува со минерали, витамини, јаглени хидрати и протеини кои се важни за одржување на нивото на енергија, активност и концентрација се до пладневните часови.

 
 
2. Најдобра алтернатива е да се земаат оброци од дома

За време на одморите, учениците најчесто купуваат храна која е со висока цена и енергетска вредност, но со мала нутриционистичка вредност. За тие здраво да се исхрануваат, најдобра алтернатива е да се земаат оброци од  дома: лесен сендвич со посно месо и салата, овошје, млеко, овошен сок и, пред се, вода.

 
 
3. Треба да се ограничи храната која содржи многу шеќери, масти и сол

Треба да се ограничи храната која содржи многу шеќери, масти и сол.Тие состојки се потенцијални креатори на срцевите заболувања кај учениците. Физичките вежби го поттикнуваат организмот да согорува се што не му е потребно, а се постигнува високо ниво на активност и концентрација.

 
 
4. За време на престојот во училиште, учениците мора да внесуваат големо количество на течности

За време на престојот во училиште, учениците мора да внесуваат големо количество на течности. Водата е составен дел на телото и претставува 60% од вкупната телесна тежина. Секој систем и процес во телото зависи од водата. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите од виталните органи во телото. Водата секојдневно се губи со дишење, потење, уринирање. Затоа мораме да ја надоместиме со конзумирање течности и со храна која содржи вода (млечни производи, овошје и зеленчук, овошни напитоци и нормално-вода)

 
 
Неколку совети кои можете да им ги посочите на вашите ученици за здрава исхрана

      - Да се јаде разновидна храна

      - Ужинка е исто така важен оброк;

      - Не се прејадувајте;

      - Помагајте при приготвувањето на храната;

      - Пијте течности.

 
 
                                                                                            
                                                                                            
 
                                                                                          
                                                                                          
   
                                                                                            
                                                                                            
 
  Корисни линкови
               
               
Сите права се задрзани ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК 2009 E-mail: prosveten.rabotnik@gmail.com design by MediaDotCom